Детска недела во Македонија

Од:

Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика од денеска ја почнуваaт Детската недела под мотото „Детски права за наше детство!“.

Со разни активности се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври.

Организаторите порачуваат дека децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост, и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет, посочуваат организаторите.

Во рамките на предвидените активности, Сојузот за грижи и воспитување на деца ќе донира опрема во Интернатот за деца од социјално загрозени семејства при ООУ Гоце Делчев – Бутел и детски играчки во градинката во Автокоманда.

Во петок ќе биде организиран свечен прием за сите првачиња во Република Македонија во Детската организација со давање свечена заклетва.

Детската недела ќе заврши во петок со театрската претстава на Десткиот алтернативен театар „Големи и мали“ и со маршот кој ќе се изведе на 12 октомври 12:00 од Порта Македонија до Владата на РМ.

Би можело да ве интересира

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов