Детото фрлено од прозорец во Хиподром, засега во стабилна состојба

Од:

6-годишниот Марко чија мајка го фрли од прозорец од зградата во скопската населба Хиподром, се здобил со повреди на главата при падот и ударот во шипките на пониските тераси, но засега е во стабилна состојба.

Неговата мајка која скокна некое време откако го фрли синот, е во многу критична состојба.

Од Хирургија велат дека состојбата на детето полека се стабилизира, но се уште не се сигурни за понатамошната состојба. Одбиваат да ја коментираат здравствената состојба на мајката за која само велат дека е многу критична.

Соседите и очевидците раскажуваат дека родителите на Марко имале нормален брак и секој ден ги гледале како заедно шетаат со двете деца, па не можат да разберат која е причината мајката да го направи овој чин.

Малиот Марко соседите го дочекаа на раце откако беше фрлен од 4. спрат на зградата во Хиподром.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип