Вчера во периодот од 00:00 до 04:00 часот, во рамки на акцијата „Детонатор“, од страна на полициски службеници од СВР Куманово во содејство со претставници од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат од Куманово, извршена е контрола на угостителски објекти на подрачјето на Крива Паланка, стои во официјалното соопштение на МВР.
Од страна на претставниците од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат се констатирани повеќе неправилности во работењето на дискотеката „Чарли Стил“, лоцирана на ул. „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, за што се изречени глоби и ќе бидат поднесени соодветни пријави, а објектот е времено затворен со Решение за забрана на вршење дејност.
Исто така, поради констатирано присаство на малолетни лица по 24:00 часот во објектот, ќе биде поднесена и прекршочна пријава според член 21 од ЗППЈРМ.
При вршење на контролата, првин во дискотеката, а потоа и надвор на улицата дошло до нарушување на јавниот ред и мир по пат на карање, викање и кршење, по што во ПС ОН Крива Паланка се приведени девет лица, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.