„Детонатор“ се одложи-казнет еден од адвокатите

Од:

Главниот претрес за судењето за случајот „Детонатор“ се одложи поради тоа што адвокатот на еден од обвинетите не дојде, а пратил свој заменик кој не бил запознаен со предметот.

Судијката Весна Димишкова оцени дека адвокатот заменик кој донел полномошно десет минути пред судењето не е соодветна одбрана за обвинетиот Стојан Паликрушев и го казни адвокатот кој требаше да го застапува.

Треба да ги плати судските трошоци за денешното судење, за спроводот на обвинетите и 500 евра казна.

На обвинетиот Сашко Стоименов му е укинат притворот и од синоќа се наоѓа во куќен притвор. По одложувањето на судењето, пред судот тој се сретна со оштетениот сведок Драганчо Стоименов, се поздравија и долго стоеја и разговараа пред судот.

Токму Стоименов, според обвинението, бил мета на обвинетите, се обиделе да го убијат три пати. Стоименов, кој сведочеше во петокот, денеска требаше да одговара на прашања на адвокатите и обвинетите, а потоа да сведочи и неговата сопруга, Јанка Стоименова.

Судењето се одложи за на 18-ти овој месец.

Во судскиот процес „Детонатор“ им се суди на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип, двајца од обвинетите се во бегство.

Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама.

Би можело да ве интересира

Екстрадиран Железарски осуден во „Детонатор“ кој и порача на судијката дека ќе ја исече на парчиња

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Ана Ололовска

Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант до МВР

Ана Ололовска

Скопска Апелација го врати предметот „Детонатор“ на првостепениот суд

Ана Ололовска

Пресуди за обвинетите во „Детонатор“

Ана Ололовска

„Детонатор“ се враќа назад во доказна постапка

Ана Ололовска