„Детонатор “ на обвинителна клупа

Од:

На обвинителна клупа седнуваат обвинетите од  акцијата „Детонатор“.

Во судскиот процес се обвинети 16 лица за перење пари, затајување на данок, злосторничко здружување и лихварство.Шест лица на возраст од 29 до 42 години се товарат дека создале злосторничко здружение, а останатите десет пријавени на возраст од 21 до 43 години станале припадници на групата, која во временскиот период од 2009 до 2011 година континуирано вршела кривични дела од областа на насилниот криминал, недозволената трговија и финансискиот криминал.

Дел од обвинетата група се сопственици на барови, дискотеки и објекти во кои нелегално се приредувале игри на среќа.

Во акцијата на МВР, беа запленети 1.000 покер апарати кои биле нелегално поставени и користени. Обвинетата група ја оштетила државата за 18 милиони денари.

 

Би можело да ве интересира

Екстрадиран Железарски осуден во „Детонатор“ кој и порача на судијката дека ќе ја исече на парчиња

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Ана Ололовска

Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант до МВР

Ана Ололовска

Скопска Апелација го врати предметот „Детонатор“ на првостепениот суд

Ана Ололовска

Пресуди за обвинетите во „Детонатор“

Ана Ололовска

„Детонатор“ се враќа назад во доказна постапка

Ана Ололовска