Дваесет и четири вработени во Управата за јавни приходи во Битола, Штип и Тетово се суспендирани од работа поради вмешаност во нелегалните активности поврзани со
акцијата „Детонатор“.
Министерот за финасии Зоран Ставрески заедно со диреткорот на УЈП на прес конференција кажаа дека се суспендирани тројца управници на дирекциите на УЈП во Битола, Штип
и Тетово, пет шефови на даночни шалтери на Крива Паланка, Делчево, Берово, Виница и Демир Хисар, 12 контролори на инспекцијата во штип, Тетово и Битола, како и
координаторите на даночните одделенија во Охрид, Прилеп, Куманово и Кичево.
„УЈП со овие кадровски промени, односно со суспендирањето на овие 24 лица покажува дека неселективно ќе се бориме против сите појави на сива економија, криминал и
прекршување на законите во Република Македонија и сите кои директно или индиректно се инволвирани во тоа ќе понесат одговорност“, истакна минисерот за финансии Ставрески.
Реакција на СДСМ
Суспензиите во УЈП од опозицијата сметаат дека се само обид да се прикрие одгворноста на најповиканите, односно на министерот за финасии и на директорот на УЈП и од
нив побараа политичка одгворност.
„Не може за незаконски активности, криминал со стотици покер апарати, неплаќање обврски кон државата, да бидат одговорни контролори-инспектори, шефови на даночни
шалтери, координатори на даночни одделенија и управници на регионални дирекции на УЈП“, стои во писмената реакција на СДСМ.