Министерството за здравство информира дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон, комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот кај 26-годишен пациент од општина Зајас.
– Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ, известува МЗ.
Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.