Дете од Порој тешко повредено откако било прегазено од трактор

Од:

Пет и пол годишно дете од Порој било тешко повредено и се наоѓа во животна опасност откако синоќа околу 19 часот и 30 минути било прегазено од трактор „ИМТ 538“, пред неговата куќа во селото, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации, детето било донесено во Тетовската болница од неговиот татко А.М. (33) околу 20 часот од каде по укажаната лекарска помош итно е префрлено и задржано на скопските клиники и е во животна опасност.

Според кажувањето на таткото, додека тој бил внатре во куќата,  детето го стартувало неговиот трактор што бил во брзина и кој се придвижил нанапред.

Од придвижувањето на тракторот детето загубило рамнотежа и по паѓањето било прегазено од задното лево тркало. Во текот на денешниот ден ќе се врши увид на местото на паѓањето и повредувањето на детето и целосно ќе се расчистува случајот најави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип