А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Детални информации за храната од идниот месец обврска за сите извозници

by А1он17/11/2014 - 11:34111
Share0

До 13 декември 2014 година домашните извозници на храна ќе мора да ги воведат најновите препораки од Европската унија за прецизно означување на производите, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Добивај вести на вибер

На производите ќе треба јасно да бидат наведени потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето тежината и особено алергените, со болдирани или букви во друга боја.
Како што информира директорот на Агенцијата Зоран Поповски на средба со новинарите, станува збор за измени што ги воведува ЕУ во однос на означувањето на храната, а се содржани во најновата регулатива 1161 која претставува сублимат на досегашните засебни директиви. Македонија ќе ги следи и спроведе новините преку измени на актуелниот Закон за безбедност на храната.

– Веќе нема да зборуваме за означување на храната, туку за информации, детални, прецизни, конкретни. Измените ќе претставуваат бенефит за двете страни, и за потрошувачите кои ќе имаат можност да прочитаат што точно купуваат и врз основа на тоа да го направат вистинскиот избор, но и за компаниите кои пратично ќе добијат моќна алатка за презентација на своите производи, како и воспоставување фер конкуренција, нагласи Поповски.

Ваквата обврска ќе важи и за операторите кои произведуваат храна за домашниот пазар, но за нив рокот е 1 јуни 2015 година.

Во насока на успешно имплементирање на законските измени, АХВ почна со спроведување обуки за операторите со храна. Веќе се реализирани две од вкупно планираните осум.
Директорот на Агенцијата најави и изготвување водич за поефикасна примена на новите прописи.

Согласно новата законска регулатива, дефинирани се и казни за непочитување на одредбите – 3.000 евра за правни лица, 1.000 евра за одговорно лице и 500 евра за физичко лице.

hrana

Би можело да ве интересира

Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

Горан Наумовски27/07/2025 - 07:06

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

Горан Наумовски26/07/2025 - 13:18

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

Горан Наумовски03/05/2025 - 20:24

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски21/04/2025 - 09:5021/04/2025 - 09:50

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

Горан Наумовски05/04/2025 - 19:41

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски28/09/2024 - 11:2128/09/2024 - 12:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен