Детали за сообраќајката во Охрид: Загинатиот бил сопатник, а во сударот учествувал и камион

Од:

Едно лица го загуби животот, а три се повредени во сообраќајната несреќа што вчера се случи на магистралниот патен правец на излезот од Охрид кон Кичево.

Во незгодата што се случи во 14:40 часот учествувале „Фолксваген голф“ со охридски регистарски таблички управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „Ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „Сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила.

Од здобиените повреди во незгодата на пат кон болница починал сопатникот од возило „Фолсваген голф“, Х.Г.(78) од Охрид Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. хоспитализирани во болницата “Свети Еразмо“.

Причините за незгодата ќе ги утврди увидот што го изврши увидна екипа од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он