Детали за синоќешниот инцидент во ГОБ „8-ми Септември“

Од:

Починатото лице поради коешто синоќа поголема група негови пријатели и роднини го демолираа влезот во Ургентниот центар на Градската општа болница во Скопје „8-ми Септември“, најверојатно доживеало срцев удар во петокот околу 18 часот и откако со брза помош бил донесен во болницата и покрај 40-минутниот обид на двајца лекари специјалисти и анестезиолог да го реанимираат пациентот, кај него немало дишење ниту срцева реакција, па медицинската екипа констатирала смрт.

Според неофицијалните информации, починатиот чиј идентитет досега не го соопшти ниту болницата ниту министерството за внатрешни работи, бил на возраст од околу 40-години и заедно со поголемо друштво бил во локал на Бит пазар, каде му се слошило и најверојатно доживеал инфаркт. Била повикана Брза помош која за кратко време го префрлила во Градската општа болница „8-ми Септември”, каде по обидот за реанимација дежурните лекари констатирале смрт.

Поголема група од пријателите на пациентот, според изјавата на директорот на болницата д-р Сашо Стојчев, дежурните лекари проценуваат дека станува збор за околу триесетина лица, од кафеаната исто така се упатиле кон болницата, а кога биле известени дека нивниот познаник починал, го истуриле својот гнев врз инвентарот во болницата, но медицински персонал не бил нападнат.

Предизвикана е поголема материјална штета а, исто така, пријателите насилно со себе го земале и телото на починатиот и заминале во непознат правец со возило без регистарски таблички.

Подоцна од болницата е контактирано со семејството на починатиот и успеале да се договорат да ги потпишат документите со кои и формално потврдуваат дека бараа ат на телото да не се врши обдукција, бидејќи според практиката, доколку семејството не побара поинаку, се право медицинска обдукција врз телото на секој пациент кој ќе почине во болница за да се утврди причината за смртта.

Екипа на МВР направила увид во ГОБ „8-ми Септември“ и во собата за реанимација каде дел од толпата влегла.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници