Детали за грозоморниот сексуален напад во Гостивар: Тинејџерот насила ја одвел 12-годишната роднина во стадионски тоалет

Од:

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 15 јули 2021 година, околу 14:30 часот извршил обљуба со крвен сродник во права линија, дете на возраст од 12 години. Осомничениот ја пресретнал оштетената на пат и послужувајќи се со лага ја насочил да се движи кон блиската продавница. По патот, во близина на стадион, тој започнал да ја влече оштетената за рака и насилно ја внел во тоалетите на објектот, каде преземал дејствија со кои го извршил кривичното дело, велат од Обвинителството.

Поради тежината на стореното кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство, страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, обвинителството до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Предлогот на обвинителството е прифатен и Основниот суд Гостивар со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини