Детали за драмата на Титов врв: Починатиот планинар извлечен со хеликоптер, повредени двајца полицајци

Од:

Вчера (8 ноември) во 17 часот и 30 минути преку ЦУК-Тетово во СВР Тетово, Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне информира Министерството за внатрешни работи.

– Набргу по пријавувањето беше организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место. По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата се наведува во соопштението од МВР.

Вториот планинар денеска претпладне бил пронајден мртов и со хеликоптер на МВР беше извлечено телото од местото каде паднал вчера. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари