Деспотовски демантира: Не се точни информациите за приведувањето

Од:

Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни, вели Јован Деспотовски поранешниот директор на ТИРЗ откако беше објавена информација за негово приведување.

– Објавената информација од дел од медиумите ја сметам за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста. Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед.

Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации, се вели во реакцијата од Деспотовски.

Реакцијата на Деспотвски се однесува на информациите кои ги објавија дел од медиумите дека бил приведен во истрага на Финансика полиција. Се работи за случај на Финансиска полиција според кој Деспотовски и приватната компанија која изведувала работи во ТИРЗ Штип и Струмица, проневериле два милиони евра.

Би можело да ве интересира

Одземен му е пасошот на Јован Деспотовски

Обвинителството бара да му се одземе пасошот на Деспотовски

Катерина Ѓуровски

Приведен Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ

Катерина Ѓуровски

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Деспотовски: СДСМ има сериозен проблем, да се одговори зошто 11 000 членови сакале, а не гласале

Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ

Катерина Ѓуровски