Десница: Судскиот совет да се самораспушти, а не да бира нов претседател

Од:

Случувањата кои претставуваа непосреден упад во работата на седницата на Судскиот совет од страна на Заменикот претседател на Судскиот советот со арогантно и недолично однесување, во моментот кога Претседателот на Судскиот советот претседаваше со седницата, дали само ја покажа поличиката моќ на ДУИ, а немоќта на СДСМ во коалицијата, особено што во неколку моменти се покажа дека Претседателката е од нивни редови? Дали досега на секој можен начин ДУИ покажуваше дека ја има надмоќта во владината коалиција, во извршната власт, а по последните случувања во Судскиот совет покажа дека ја има моќта и во третата, судската власт? Дали да очекуваме на некоја седница на Влада, првиот Вицепремиер да го разреши Премиерот, а СДСМ да даде легитимитет на истото, прашуваат од Десница.

„Десница смета дека овој состав на Судски совет го изгуби легитимитетот и довербата и затоа е потребно да се направи избор на целосно нов Судски совет со искусни, стручни и политички независни членови, а не да бира нов претседател! Откако се виде дното до кое е стигнато работењето на највисокиот судски орган и власта успeaа столбот на една држава-правдата, третата власт да ја стави на колена, ДЕСНИЦА се залага за итни промени во судството, сметано од највисокиот орган во судството, па се до судиите кои вршат правораздавање во судовите. На судството да му се даде целосна финансиска, а преку тоа целосна независност како трета власт и да се врати довербата кај граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

ДПА: Десничарската опозиција слави победа на изборите во Македонија

Десница: „Не“ за насилна промена на Уставот

Десница: Заедничките служби на Владата на Македонија да му подарат на Таравари македонски знамиња

Десница: Прагот од 5% на ДУИ е за обезбедување нејзина вечна власт

Ана Ололовска

Десница: Вклучен алармот за ревидирање и реорганизирање на системот за спас на младите генерации

Катерина Ѓуровски