Десница: Прагот од 5% на ДУИ е за обезбедување нејзина вечна власт

Од:

„Прагот од 5% кој го предлага ДУИ, не е во функција да се обезбеди политичка стабилност, туку да си обезбеди сигурното место и вечна власт. Тоа е единствената причина што оваа партија инсистира на услови кои се невозможни за поголем дел од партиите“, велат од Десница.

„Десница дава поддршка на предлогот за една изборна единица без изборен праг. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ еднаш мора да застанат со лицемерните политики кон исполнување на овој услов и да дадат целосна и искрена поддршка со реализација со измената на изборниот модел, односно Македонија да биде една изборна единица без консензус, односно без т.н.изборен праг.

Моделот на една изборна единица е праведен и правичен и е одраз на вистинска демократија и на избори само би ја отсликала реалната волја на гласачите.

Со сегашниот модел СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги одземаат гласовите на помалите политички партии. Впрочем и Американската амбасада и Европската делегација и во минатото дадоа позитивно мислење и поддршка за ваквите измени.

За каква политичка нестабилност зборува претставникот на ДУИ доколку се почитува волјата на секој граѓанин на Македонија без проценти?! Ниту демократијата, ниту граѓаните, ниту државата не смеат да бидат заложник на неколку политички партии. А СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од заложништвото на ДУИ и да не го одземаат правото на застапување и претставување во македонскиот законодавен дом на секој еден граѓанин кој сака да гласа и ќе гласа!“, се додава во соопштението на Десница.

Би можело да ве интересира

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

ДПА: Десничарската опозиција слави победа на изборите во Македонија

Десница: „Не“ за насилна промена на Уставот

Десница: Заедничките служби на Владата на Македонија да му подарат на Таравари македонски знамиња

Десница: Вклучен алармот за ревидирање и реорганизирање на системот за спас на младите генерации

Катерина Ѓуровски

Десница: Судскиот совет да се самораспушти, а не да бира нов претседател