Десница: Институциите да реагираат на подгревањето национализам и непочитување на државата од градоначалникот на македонскиот град Тетово

Од:

Наместо да се бори со идеи, проекти, планови и предлози за економски развој, подобар социјален статус и благосостојба, среќа и светла иднина на граѓаните во Тетово и воопшто во цела Македонија, Касами продолжува да разочарува со своите незрели и националистички ставови, постапки и изјави кои му стана рутина, реагираат од Десница, откако лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами во објава на социјалната мрежа Фејсбук напиша „Добредојдовте во албанскиот главен град во Северна Македонија!“.

„Очигледно ќе продолжи намерно или ненамерно со безидејни и безобразни изјави, со цел повредување на чувствата на Македонците и граѓаните на останатите националностии народности во Македонија, бидејќи институциите не реагираа кога во Тетово се симна Македонското државно знаме од јарболот и се замени со знаме на друга држава. Ваквото однесување станува алармантно и опасно дури и за политичар кој само сака да води политичка кампања со подгревање национализам. Институциите мора да реагираат во интерес на граѓаните и Македонија!“, се додава во соопштението на Десница.

Би можело да ве интересира

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Касами дава милионски тендери на фирми со по еден вработен: Туристичка компанија ќе гради обиколница

Александар Тодески

Михаилоски: Секоја штетна одлука на Касами во Тетово е поддржана од ДПМНЕ

Советниците на ДУИ го обвинија тетовскиот градоначалник за политички притисоци во училиштата

Катерина Ѓуровски

Левица: Касами повика на рушење на уставниот поредок – ОЈО итно да постапи

Катерина Ѓуровски

Касами: Да се интонира и албанската химна во училиштата ако веќе се интонира државната

Орце Костов