Министерката за образование и наука Рената Дескоска и шефот на Делегацијата на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар, денеска ќе го посетат средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, како дел од кампањата „Веруваме во ТЕБЕ, Вложуваме во ТЕБЕ, ЕУ за ТЕБЕ!”.
Почетокот на новата тема на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ!“ го објави европскиот комесар Јоханес Хан пред неколку дена, со цел да се подигнуве свеста и да се информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата.