Дескоска: Ученичкото организирање значајна можност за „демократска едукација“

Од:

Ученичкото организирање е значајна можност за „демократска едукација“. Преку здружувањето, учениците учат за начините на организирано остварување на своите права и интереси. А со учество во процесот на одлучување, вежбаат демократија, но и се коректив на возрасните кога се одлучува за прашања што се од интерес на учениците.

Ова денеска го изјави министерката за образование, Рената Дескоска, на конференцијата „Зајакнување на ученичкото учество во процесот на донесување одлуки во средните училишта“.

– Oсновните гаранции за ученичко организирање ги наоѓаме во Конвенцијата на правата на детето. Целиот мој живот се залагам за образовни институции што ќе бидат места за практикување демократија. Училиштата и факултетите треба да бидат „школи на демократијата“, и треба да го негуваат и стимулираат младинскиот активизам, рече Дескоска.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови