Дескоска сподели искуства за Ковид-19 со министри од неколку европски држави

Од:

Министерката за правда Рената Дескоска преку видео-конференција со нејзини колеги од неколку европски држави споделила искуства поврзани со справување со ситуацијата со Ковид-19, кои пред сè, се однесуваат на правосудниот и затворскиот систем.

Од Министерството за правда соопштија дека таа во своето обраќање, истакнала дека мерките коишто се преземаат во областа на правдата во земјава, се мерки и решенија коишто во голема мера се идентични со оние од европски држави.

– Дескоска потенцираше дека во поглед на постапувањата во судовите и обвинителствата, Република Северна Македонија ги искористила искуствата од Австрија, според кои судовите и обвинителствата постапуваат исклучително само за итните предмети и оние за кои постои опасност од застарување, наведоа од Министерството.

Имено, министерката за правда ги споделила искуствата и решенијата преземени во поглед на запирањето на извршувањето, со кои им се помага на граѓаните во овој тежок период.

На видео-конференцијата учествувале австриската министерка за правда Алма Задиќ, албанската министерка за правда Етилда Ѓонај, претставници од српското и босанското Министерство за правда, директорот на Одделот за ЕУ и меѓународни односи од Министерството за надворешни работи на Холандија, Роб Хујсер, како и претставници од италијанското и француското Министерство за правда.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија

Лога реагира на објавата на Дескоска: Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата

„Седи кец“ – Рената Дескоска за Извештајот на Европската комисија

Лога: Рената Дескоска е лош пример на министер за правда

Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска, очекувам Уставен суд да го укине Упатството за матични книги

Орце Костов