Дескоска се сретна со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ)

Од:

Зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем беше во фокусот на денешната средба што министерката за правда Рената Дескоска ја имаше со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ), предводена од заменик претседателот Рамин Гурбанов. Мисијата е во дводневна посета за унапредување на соработката во областа на правосудната статистика во Република Македонија.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало за стратешките насоки на Министерството за правда за подобрување на информациските системи за управување со предметите и зајакнувањето на човечките капацитети во судовите и обвинителствата.

Министерката за правда ја запознала делегацијата со претстојните реформи и измени на Законот за судови, како и Законот за Судски совет, додека државните советници во Министерството за правда информирале за следните чекори во насока на подобрување на анализата и водењето статистика во областа на правосудната статистика.

Делегацијата на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ) изразила благодарност за досегашната соработка со Министерството за правда и истакна дека Република Македонија е во групата земји кои доставуваат обемни, солидни статистички извештаи од областа на правосудството.

Европската комисија за ефикасност на правдата – CEPEJ е формирана со Резолуцијата Рес (2002) 12 на Комитетот на министри на Советот на Европа. Еден од основните мотиви бил фактот дека принципот на владеење на правото не може да биде обезбеден без “правични, ефикасни и достапни судски системи”.

– Во тој контекст посебно се истакнува значењето на меѓудржавната соработка која се одвива во неколку насоки како анализирањето на различните правосудни системи, олеснување на примената на меѓународните правни инструменти во однос на ефикасноста на правдата и дефинирање конкретни мерки што треба да го унапредат функционирањето на правосудните системи во Европа, се вели во соопштението од Министерството за права.

CEPEJ, покрај промовирањето на принципот на владеење на правото, игра значајна улога и во обезбедувањето на основните човекови права што произлегуваат од членовите 5 (право на слобода и безбедност), 6 (право на фер судење во разумен рок), 13 (право на ефективен правен лек) и 14 (забрана за дискриминација) на Европската конвенција за човековите права.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on