Дескоска потпиша Декларација за основање институт на ЈИЕ за одржливи технологии

Од:

Владата на Република Македонија одлучи официјално да ја поддржи иницијативата за основање Меѓународен институт на Југоисточна Европа за одржливи технологии со мисија „Наука за мир”, кој ќе работи според моделот ЦЕРН.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска во Женева ја потпиша Декларацијата за намери за основање на институтот, проект кој е единствен од ваков вид во регионот и поддржан од Обединетите нации, УНЕСКО и од Европската организација за нуклеарни истражувања-ЦЕРН.

– Според министерката Дескоска, главна цел на проектот е да се промовира соработката меѓу науката, технологијата и индустријата, односно да биде платформа за едукација на талентирани млади луѓе и инженери врз основа на трансфер на знаење и технологии од европските центри и лаборатории, а проектот ќе овозможи и вработување на научници и експерти од земјите коишто ќе бидат вклучени во него, соопшти Министерството за образование и наука.

Институтот ќе биде базиран на најновите технологии, а би овозможил научна и технолошка соработка, трансфер на знаење, промоција, зајакнување на иновациите, размена на информации, човечки ресурси и обуки.

МОН посочува дека конкретниот идејно-научен концепт за институтот е веќе разработен и подразбира изградба на синхротрон (тип на кружен акцелератор) кој ќе овозможи истражување од различни области како што се биологија, биомедицина, хемија, фармакологија, екологија, геологија и инженеринг, со широка примена во разни индустрии.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски