Дескоска очекува позитивна оценка за судството во Извештајот на ЕК

Од:

Министерката за правда Рената Дескоска очекува позитивна оценка за судството во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, иако политичките партии не успеаа да постигнат договор за Законот за јавно обвинителство со кој требаше да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство.

-Нашите позиции се принципиелни. Одредби кои нема да значат целосно воспоставување на правдата во нашата држава нема да дозволиме да бидат ставени во Законот. Се прават напори за преиспитување на ставовите кај сите пратеници во Парламентот околу нивната искрена заложба за поддршка на евроинтегративните процеси, но и за поддршка на владеење на право и правдата.Кај сите нив стои одговорноста дали ќе понудат принципиелно решение од кое ние немаме намера да отстапиме или ќе го дадат, односно нема да го дадат својот глас и ќе блокираат, изјави Дескоска пред почетокот на денешната конференција за „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ .

Додаде дека двете страни имале формални и неформални комуникации, но оти со месеци нема никакви значајни резултати.

На прашање во врска со Законот за попис што беше усвоен на последната владина седница, Дескоска рече дека веднаш се изготвуваат тие одлуки и дека веднаш ќе биде испратен во Собранието.

-На денешната прес-конференција, директорот на Заводот за статистика подетално да ги образложи решенијата. Законот е правен во однос на принципите на професионалност. Значи принципите треба да дадат објективи стручни резултати кои ќе бидат прифатени од страна на сите… Така што од тој аспект очекувам поддршка од сите во Парламентот, рече министерката за правда.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески