Дескоска номинирана да ја замени Каракамишева во Венецијанската комисија

Од:

Професорката и министерка за правда, Рената Дескоска е номинирана да биде член на Венецијанската комисија, каде досега државата ја претставуваше професорката Тања Каракамишева. Дескоска ја потврди одлуката на Владата и дополни дека се надева оти ќе може да го усогласи законодавството на Македонија со европското. Таа тврди дека не е спорно што Владата номинирала министер за да биде член на комисијата.

„Земјите кои често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија, избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е примерот на Црна Гора која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија чиј претставник е заменик министерот за правда, Романија, Унгарија. Секако, во моментов одлуката на Владата е само номинација“, напиша Дескоска.

Каракамишева беше делегирана во Венециската комисија како правен експерт од претходната влада на Никола Груевски. Таа е член од јануари 2016 година, на местото од професорката Гордана Силјановска-Давкова.

Членовите на Венецијанската комисија имаат мандат од четири години.

Би можело да ве интересира

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија

Забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците ќе се анализираат по изборите

Ана Ололовска

Од Венецијанската комисија не бараме одложување на мислењето за Законот за јазиците, вели Заев

Ана Ололовска

Дескоска: Сметам дека ќе се почитуваат препораките од Венецијанската комисија

Ана Ололовска

Османи: Ќе ги почитуваме препораките на Венецијанската комисија, но законот нема да се менува

Ана Ололовска

Различни толкувања за препораките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците

Ана Ололовска