Дескоска: Ова е уште една злоупотреба на Трајко Вељаноски

Од:

Рената Дескоска, професор на Правниот факултет и избран пратеник како носител на листа во Изборната единица 1 од СДСМ и здружената ошпозиција, на својот ФБ профил реагира на денешните дискусии во Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања.

Еве што напиша Дескоска: „На насилието на ВМРО-ДПМНЕ нема крај! Денес слушам пратениците во оставка биле неоправдано отсутни. ВМРО-ДПМНЕ неспоивите работи ги спојува! Како може да цените отсуство на некој кој е во оставка?! Ова не е ништо друго освен уште една злоупотреба на Трајко Вељановски! Ако некој цени дека ние сме биле неоправдано отсутни, тогаш за тоа е крив Трајко Вељановски кој ја злоупотребува својата положба со тоа што не ги констатира нашите оставки! А да го потсетиме дека за таквата злоупотреба не важи пратеничкиот имунитет! Нека си го препорочита Уставот! А злоупотреба на службена положба е кога со искористување на службената положба некому му правите штета… Од било кој вид, вклучувајќи ја и штетата на честа и угледот! Јас никаде, дури ни во школо не сум имала ниеден неоправдан изостанок“. Дескоска неколку пати реагираше и изјавуваше, дека Собранието требаше само да ги констатира нивните оставки, а не да расправа и да оценува дали биле оправдано или неоправдано отсутни.

Screenshot_6

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните