(ВИДЕО) Дескоска: Непотребните дисперзирани факултети ќе бидат затворени, ќе биде анализиран и „Дамјан Груев“

Од:

Новата министерка за образование, Рената Дескоска денеска ја презеде функцијата од претходниот министер, Пиштар Љуфтиу. Таа рече дека министерството ќе го води транспарентно и дека при изготвувањето на новите законски решенија ќе биде консултирана стручната јавност.

Министерката рече дека уште денеска ќе побара анализи за тоа како се работело, бидејќи треба да има многу промени во ресорот.

– Свесна сум дека ме чека огромен предизвик, со оглед на фактот дека ќе раководам со еден од најголемите ресори. Сите решенија што ќе ги носиме ќе се темелат на претходна анализа, ќе биде вклучена и експертската јавност, а ќе се организираат и дебати. Работиме да го вратиме достоинството на наставниците и професорите. Ќе го донесеме законот за високо образование, рече Дескоска.

Во врска со екстерното тестирање, таа рече дека ќе биде укинато во целост и дека учениците уште оваа година ќе бидат ослободени од оваа беспредметна обврска.

Дескоска додаде дека ќе се направи и анализа околу дисперзираните факултети, која треба да покаже кои се потребни, а кои не и ќе бидат затворени. Предмет на разгледување ќе биде и проектот за универзитетот „Дамјан Груев“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски