Дескоска имала информација дека сестра на врховен судија има коронавирус, очекува самоизолација доколку е точно

Од:

Министерката за правда, Рената Дескоска вели дека таа добила информација дека сестра на врховен судија има коронавирус. Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека таа очекува сите судии, институции, заедно со судовите да ги почитуваат препораките за самоизолација доколку биле во контакт со лице заболено од вирусот.

„Тие информации ги добив и јас. Сите мерки кои ги дава Министерството за здравство, а потоа Владата ги утврдува, важат за сите институции. Препораките за самоизолација, препораките за изолација луѓе кои биле во допир со лицето кое било заболено, важат и за Врховниот суд и сите други судови. Затоа беше и апелот од Владата и во рамките на судовите целосно да се почитуваат сите препораки, како што се почитуваат во сите институции. Тие имаат обврска да постапуваат“, кажа Дескоска.

За гужвите пред Кривичниот суд, каде се чека во редици а луѓето се групираат, спротивно на препораките од Владата, Дескоска вели дека треба да се почитува одлуката на Судскиот совет, а претседателите на судовите јавно да ги објават распоредите за судењата кои продолжуваат.

„Дадовме препорака како Влада. Редот таму го созздава Судскиот совет. Ние препорачаваме она што не е нужно да не се спроведува, за да се намали гужвата низ судовите. Сметаме дека одлуката донесена од Судскиот совет и препораките од Владата ќе бидат почитувани. Тие правила на влез во институции, мора да се почитуваат. Се надевам дека претседателите на судовите транспарентно ќе ги објават распоредите за да се види кои судења продолжуваат“, кажа министерката.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска