Дескоска и Таравари се сретнаа со претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“

Од:

Од страна на Министерството за образование и наука ќе бидат вклучени претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“ во работните групи, кои ќе се формираат за измена на законите за основно и средно образование, како и на Законот за учебници.

Ова се наведува во соопштението од МОН по денешната средба на министрите за образование и наука и за здравство, Рената Дескоска и Арбен Таравари со претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“.

Од МОН соопштуваат дека Дескоска ги информирала претставниците на граѓанската иницијатива „5 до 12“ дека во Стратегијата за образование 2017-2021, која е во подготовка, се предвидени низа активности за подобрување на можноста за образование на лицата со попреченост.

Еден од приоритетите на Министерството за здравство во претстојниот период, како што се наведува, ќе биде унапредување на здравствената заштита на лицата со попреченост, хендикеп и посебни потреби.

Двете страни констатирале дека се потребни редовни работни средби со цел решавање на дневните проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост во Република Македонија.

Претставникот на граѓанската иницијатива „5 до 12“, Сузана Стојановска средбата изјави дека имале конструктивен состанок, се разгледале барањата, приоритетите и се издвоиле некои работи што треба веднаш да се направат, освен тие што го оптоваруваат буџетот.

– Меѓутоа, задоволни сме од разговорот, од разбирањето и од соработката што ќе ја имаме. Немавме конкретни ветувања, ќе имаме уште многу состаноци, рече Стојановска.

Посочи дека разговарале околу инклузијата. Најболната точка, нагласи, e инклузијата во училиштата, околу програмата за децата, дефектолозите, изработување индивидуални планови, поголема контрола во училиштата на самата инклузија.

Во врска едно од најгорливите прашања, надоместокот до 26 години, истакна дека има ветување од министерката за труд и социјална политика и утре работна група ќе допрецизира некои работи. Појасни дека ќе бараат да бидат вработени уште дефектолози и оти прво треба да се дефинира еден дефектолог колку може да опслужи.

– Разговаравме и за персонални асистенти, меѓутоа тоа во моментов не може да биде, затоа што тоа го оптоварува буџетот. Бараме алтернативни решенија и верувам дека ќе договориме нешто околу тоа, рече Стојановска.

Потврди дека и наредниот месец ќе кампуваат пред Собрание, затоа што не знае дали ќе бидат донесени законите. – Ние договараме и преговараме, меѓутоа ќе чекаме закони на хартија, нагласи Стојановска и додаде дека во спротивно ќе продолжат со камповите.

Би можело да ве интересира

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Таравари: Мислењето на Венецијанската комисија за законот за правична застапеност е добредојдено

Таравари: Коалицијата „Вреди“ докажа дека може поинаку да се владее

Горан Наумовски

Прво да видиме во каква состојба се, па ќе донесеме одлука за модуларните болници, вели Таравари

Таравари: Одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана

Новата компресорска станица ќе биде готова за четири месеци, вели Таравари