Министерката за образование и наука Рената Дескоска и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс во основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци ќе присуствуваат на одделенски час посветен на здравиот начин на исхрана и квалитетот на храната во училиштата.
Најголемиот глобален час во основното училиште „Аврам Писевски“ ќе го одржи наставничката Драгана Горковска заедно со нутриционистот Сашко Дрвошански. Учениците од четврто одделение ќе имаат можност да се запознаат со здравиот начин на исхрана и како тој придонесува кон остварување на глобалните цели за одржлив развој.
Наставниците од сите основни училишта во земјата денеска ќе се приклучат кон иницијативата со предавање на оваа тема за време на одделенскиот час со ученици од четврто до деветто одделение. Подготвени се наставни материјали кои може да се симнат од веб страницата на МОН.