Десетмина обвинети за непочитување на здравствените прописи во Скопје​

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе шест предлози за издавање казнени налози против вкупно десет лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што соопшти ОЈО Скопје, обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Јавното обвинителство на Основниот кривичен суд Скопје му предложил на сите обвинети да им изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски