Десетици пожари во земјава, најкритично е во Делчево, Пехчево и во Берово

Од:

Во повеќе региони во земјава активни се пожари на кои се делува со сите расположиви сили, изјави денеска Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи. Најкритично е со пожарите на територијата на општините Делчево, Пехчево и Берово, каде делуваат три хеликоптери.

Нов пожар се заканува во атарот на селото Робово кај Берово. Во текот на ноќта постоеше опасност пожарот од Свети Николе да се префрли во правец на Штип, но бил локалзииран. Но, од утрово, поради силниот ветер, постои опасност од ширење на пожарот кон Карбинци.

Во Прилеп активни се пожарите кај Топлица, Ракле и Никодин каде се испратени голем број на пешадиски сили на АРМ. Активен е и пожарот кај Молане.

Во општина Куманово кај Бељаковце делува еден хеликоптер. Тука е активен пожарот од вчера и делуваат повеќе од 80 војници и пожарникари. Се очекува во текот на денот овој пожар да биде ставен под контрола.

Во општините Ранковце и Крива Паланка активен е еден пожар каде се испратени дополнителни сили од 60 војници. Во Валандово активен е помал пожар кој е под контрола.

Во Скопско вчера имаше 18 активни поќари, од кои 17 биле изгасени, а тој кај Сарај уште не е ставен целосно под контрола.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски