Десетгодишно дете од Прилеп падна од столб на далекувод

Од:

Десетгодишно дете од Прилеп вчера се здобило со тешки телесни поведи по пад од метален столб на далекувод во близина на крушевското село Алданци.

Случајот го пријавил И.И. (30) од Алданци во ПС-Крушево. Од страна на полициски службеници од ПС-Крушево било излезено на место на настанот, при што било констатирано дека се работи за 10- годишно дете од Прилеп (кое со семејството престојувало во селото). Детето лежело покрај реката и било во свесна состојба, а по кажување на неговата мајка П.М., детето паднало од метален столб од далековод под висок напон, но бидејќи мислела дека се работи за струен удар, го однела до реката, каде го измачкала со кал.

Со возило на итна медицинска помош, детето било пренесено во Општа Болница-Прилеп, каде дежурниот лекар изјавил дека детето било во контактибилна состојба, но поради крварење во мозокот од помал обем ќе биде пренесено во Ургентен Центар-Скопје. За настанот е запознат јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата