Десет сообраќајки вчера во Скопје, повредени пет лица

Од:

Едно лице е тешко повредено, а четири се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно 10 регистрирани сообраќајки на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа. Во останатите пет сообраќајки е причинета само материјална штета.

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Дваесет и девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а петмина  не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен телефон. Затекнати се и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор, девет возачи кои управувале возило по истек на важност на сообраќајна дозвола и осум возачи без важечка возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 63 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје вечер во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи и пешаци.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Ѓорче Петров“ и ОУ „Јоаким Крчовски“, општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ