Десет починати пациенти, 280 новозаразени со коронавирус

Од:

Денес се регистрирани 280 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 223.211. Оздравени се 156 пациенти – пријавени се 10 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.929 тестирања, а регистрирани се 280 новислучаи на Ковид-19.

Во Скопје се регистрирани 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале пет лица. По едно починато лице има од Скопје на возраст од 61 година, од Струмица на 75 години, од Куманово на 79 години, од Охрид на 71 година и Крушево на 45 години. Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително пет лица, починати во период од 17 ноември до 22 декември. По двајца починати има во Гостивар и Тетово и едно од Кавадарци. Починатите лица се на возраст од 62 до 69 години. Од пријавените, двајца се починати во болнички услови, а три лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 70, Кавадарци – 23, Битола – 17, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 6, Кочани, Крива Паланка и Крушево – по 3, Неготино и Свети Николе – по 2, Ресен, Богданци, Кичево, Гостивар, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.

Направени се 3.929 тестови преку: ИЈЗ-501, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–261,Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-96, Биотек-146, Систина-58, лабораторија Лаор-292, Синлаб-20, Ремедика-4, Плодност–69, Генеа-7, Никоб лаб-309, ВФВ Медикал-76, Ели Медика-48, Ројал Медика–62, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–17, Жан Митрев Струмица–26, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.632.

Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211,бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски