Десет скопски општини имаат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19, покажува денешната статистика на Министерството за здравство.
Со најголем број случаи на коронавирус и натаму останува општина Чаир, каде има речиси три до четири пати повисок број заболени отколку во останатите општини. Аеродром, Бутел, Гази Баба, Центар, Сарај и Карпош се исто така на врвот на листата според бројот на активни случаи.
Ова е листата на активни случаи по општини во Скопје, каде во моментов има 1987 заболени лица.
• Чаир – 409
• Аеродром – 150
• Бутел – 162
• Гази Баба – 189
• Центар – 143
• Карпош – 163
• Сарај – 149
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 114
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 86
• Арачиново – 50
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 14
• Зелениково-6
• Странец – 2
• Нераспределени – 65