Десет милиони денари субвенции за чистење оџаци

Од:

Оџачарството е исплатлив бизнис, им порача градоначаникот на Скопје Петре Шилегов на 15-те кандидати за оџачари ко следат обука во ГУЦ „Здравко Цветковски“.

Тој нагласи дека по 15 септември, кога ќе им заврши обуката и ќе добијат сертификат за оџачари, ќе објави субвенционирање на чистење оџаци. За таа намена, како што кажа, Градот ќе одвои 10 милиони денари.

– Чистењето на оџаците за 30 до 40 отсто го намалува загадувањето и значително ја намалува потрошувачката на огревко дрво и пелети, рече Шилегов.

Тој најави дека од Владата ќе побара да донесе законски измени со кои чистењето оџаци ќе биде задолжително или оваа надлежност да се префрли на локалната самоуправа, а секоја општина сама да одлучува за себе.

Во Скопје, рече, има околу 140.000 оџаци и само 20-на оџачари.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици