Десет години „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Од:

Под мотото „Од семче до дрвце“ со засадување на семе од ела денеска учениците од основното училиште „Александар Македонски“ заедно со дечињата од градинката „Буба Мара“ клон Сонце го означија почетокот на 19 акција на „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.

Оваа година која е јубилејна 10-та за Денот на дрвото, а шеста акција „Садница плус“ се спроведува и кампањата „Од семче до дрвце“ која, според Кристина Николовска од „Ден на дрвото“ е потсетување на досегашниот постигнат успех преку промовирање на еко културата, еко патриотизмот и еко свеста.

– Планот за садење веќе е дистрибуиран до сите надлежни. Сите училишта имаат упатства за тоа како се засадува и притоа визијата на проектот е, децата да се едуцираат, да знаат како се засадува. Денеска тоа тоа ќе го направиме во пракса, а на наша голема радост е да им покажеме како се прави тоа. Упатството е тоа да знаат како да ги одржуваат и негуваат и потоа кога ќе дејде време да ги засадат во дворот на училиштето, истакна Николовска.

Според неа се очекува голема зафатеност од семињата, но, како што рече, доколку се работи според упатството односно доколку правилно се садат семчињата.

Еко акцијата повикува на приклучување на еко училишниот час за мала зелена одделенска шумичка каде секој ученик ќе засади и израсне свое дрвце односно своја ела.

Би можело да ве интересира

Во акцијата „Ден на дрвото“ повеќепати биле пошумувани исти површини

Ана Ололовска

Во Штип реализирана акцијата „Садница плус“

Наум Локоски

Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Ана Ололовска

Дипломатскиот кор дел од акцијата „Ден на дрвото“

Ана Ололовска

Денот на дрвото ќе се одработува наредната година

Емир Латифовиќ

Груевски засади дрвце во Струмица

Ана Ололовска