Десет девојки непријавени работеле во ноќен бар во Гостиварско

Од:

Во акциска контрола на полицијата, УЈП, пазарната и трудовата инспекција, во угостителски објект во Гостиварско затекнати се десет девојки кои работеле непријавено, информираат од СВР Тетово.

По контролата која била спроведена околу полноќ, во угостителскиот објект „Алпа Маре“ кој се наоѓа во близина на автопатот Гостивар-Тетово приведени се сопственикот Ф.Т. менаџерот М.З. четири албански и шест македонски државјанки. При контролата, инспекторите утврдиле дека девојките во локалот работеле како келнерки и пејачки и биле приведени.

По извршените разговори, македонските државјанки биле пуштени, а останатите биле здржани на разговор за да се утврди начинот на кој биле ангажирани, престојот и евентуална вмешаност во незаконитости.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар