Дерала: Есма го доби заслуженото место на Евровизија

Од:

Претседателот на Цивил, НВО за човекови права, Џабир Дерала реагира на вчерашната изјава на Есма Реџепова поради што дебаклот на Евровизија го оправдува со погрдни називи за организаторите.

„Па, легендите и реалноста се две различни нешта; поточно: пропаганда и реалноста. Есма Реџепова беше самопрогласена кралица на ромската музика. Поранешната југословенска пропаганда машинерија ја креира и лансира Есма како еден од многуте агитпроп производи. Она што е Есма во независна Македонија е југо-инерција, како толку многу други нешта. Нејзината музика, искрено, е далеку од тоа да биде толку кралска како што таа самата и (пост)југословенските папагандни машини тврдат; постојат повеќе други кралеви и кралици на ромската музика.

Нејзината хуманитарна работа има прилично спорна позадина. Таа е еден ситен и ирелевантен политичар. Сé на сé, таа го доби заслуженото место на евровизискиот натпревар на кој учествуваше по скандалозна низа на настани дома – платени од граѓаните на Македонија.

Есма беше цитирана во српски весник каде користи погрдни називи за хомосексуалците додека ги опишува организаторите на Евровизија и се обидува да најде изговор за дебаклот на натпреварот. Покрај тоа, таа тврди дека нејзиниот партнер во пеењето, младиот Лозаноски, хомосексуалците го штипкале по бифеата близу евровизискиот настан. Срамно. Еден провладин медиум побрза да пушти романтична приказна за Есма и нејзиното присуство на геј свадба во Амстердам. Но, штетата е веќе направена.

Таа навистина е на иста линија со официјалната политика.

Користењето имиња и навреди за ЛГБТ заедницата е она што официјалната политика на Македонија не се осмелува да го формулира на таков примитивен и вулгарен начин, но тие сигурно го мислат тоа, ако го цениме нивниот став врз основа на нивните активности и практики. Суштината е иста. Исто како што на провладиниот круг на самопрогласените новинари и интелектуалци го кажува она што политичката елита на власт го мисли, па Есма го тресна она што го тресна. Тоа не е прв пат. И не е последен пат. ЛГБТ прашањето не е ни единствениот проблем во овој контекст.

Есма е политичар повеќе од деценија. Таа отсекогаш беше миленик на владејачките партии, секогаш облечени во шарени традиционални носии, даваше не многу интелигентни изјави – секогаш на иста линија со владејачите. Таа е она што од неа се очекува да биде: шарена, не премногу бистра и послушна. Како и многу други послушни ликови кои – меѓу толку многу други нешта – кренаа рака во знак на поддршка на подигањето на одвратното Скопје 2014 – шокантно глуп, кичест и застрашувачки проект.

Нечестиви времиња повикуваат на нечестиви дела“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ