ДЕОМ: Изборниот процес во мирна атмосфера

Од:

Ограничената меѓународна набљудувачка мисија (ДЕОМ) на Советот за јавна дипломатија на Каталонија (Диплокат) кои ги следеа вчерашните парламентарни избори во државава на покана на Државната изборна комисија (ДИК) оценува дека изборниот процес поминал мирно.

– На денот на изборите, нашите набљудувачи посетија 55 гласачки места и шест изборни единици. Тие соопштија дека изборниот процес на местата кои ги набљудувале се одвивал во мирна атмосфера. Меѓутоа, мисијата изразува загриженост за изборните нерегуларности за кои беа известени нашите набљудувачки тимови пред и во текот на денот на изборите, се вели во соопштението од мисијата за набљудување на изборите (ДЕОМ).

ДЕОМ е составена од единаесет изборни експерти, меѓу кои главниот набљудувач и пет набљудувачки тимови распоредени низ целата земја во период од единаесет дена. Мисијата соопштува дека се сретнала со голем број македонски граѓани и учесници во изборниот процес, како што се претставници на избирачки тела, политички партии, набљудувачки групи, граѓански организации, академици и новинари.

Од Диплокат најавуваат дека во наредните денови, ќе излезе со изјава за изборите која ќе ги сумира клучните наоди на нивните набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он