Денови на Општина Центар по повод 44 роденден

Од:

Општина Центар годинава го прославува 44 роденден. По тој повод, во изменети услови, кога целиот свет се справува со опасниот КОВИД 19, активностите годинава се насочени кон потврдување на дејствувањето на општината како хумана, одговорна, отчетна и општина по терк на граѓаните, соопштуваат од Центар.

Од втори до шести ноември ќе се организираат Денови на Општина Центар.

„Понеделник, 2.11.2020 ќе биде оджана прес конференција за почеток на реконструкцијата на бараката на поранешното „Матично“, кое ќе прерасне во Младински центар.

За да им помогне на основните училишта поуспешно да ја реализираат on line наставата, општината обезбеди 60 лаптоп компутери со што придонесуваме за поквалитетно образование во време на пандемија.

Во среда, на 4.11.2020, наградата „Феникс“ ќе биде доделена на физички и правни лица од општината Центар како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштита и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација.

Општина Центар ги наградува талентираните ученици и додели 100 стипендии за најуспешните од областа на науката, културата и спортот како и за ученици од семејства од социјален ризик. Грижејќи се за правилен физички развој на децата и за негување на спортот, општината издвои 1 милион денари финансиски средства за поддршка на програмските активности на 20 спортски клубови и здруженија во Центар“, се наведува во соопштението на Центар.

„Од почетокот на корона кризата, Општина Центар се грижи и им помага на сите свои жители, а особено на оние со висок социјален ризика. За 150 семејства, приматели на социјална помош, на мали групни домови и згрижувачки семејства, општината обезбеди пакети со храна и средства за лична хигиена.

Општина Центар, како и досега, така и отсега продолжува со грижата за жителите и исполнувањето на општинските обврски на локално ниво“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата