Денот на независноста одбележан во Струмица

Од:

Пред споменикот на револуционерот Гоце Делчев на градскиот плоштад во Струмица се одржа централната манифестација по повод Денот на независноста.

– Осми септември е еден од најзначајните датуми од историјата на Македонија, датум кој го сонувале многу генерации Македонци низ децениите и вековите наназад, истакна во свечената реч, вршителот на должност градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

За нив тоа, додаде, било недосонуван сон, бидејќи ѕидот меѓу сонот и јавето на Македонецот, многу пати го ѕидале туѓи поробувачи и асимилатори. – Склопувањето на коцките од историјата, стремежот кон самобитноста и љубовта кон татковината го создадоа тој ден, а ние сегашните генерации Македонци ја имавме таа среќа да бидеме сведоци на тој осмосептемвриски светол чин на осамостојување, но и да бидеме славеници на 26-годишнината од исполнувањето на желбата, да бидеме свои на своето, рече Костадинов.

Според него, свртувајќи поглед низ ова 26-годишно постоење, како што рече, ќе ги видиме резултатите на нашето предолго транзициско опстојување, резултатите од подемите и падовите на внатрешен, политички, економски и надворешен план.

– Ќе го видиме се уште нерешениот наметнат спор за името, кој ни ја кочи евро-атлантската иднина на државата, но ќе ги видиме и резултатите од нашата хронична болка за која никако не успеваме да најдеме лек, а тоа е поделбата меѓу луѓето, поделба која е клучен фактор за нашиот синдром на самоуништување, додаде Костадинов.

Со едно минутно молчење присутните им оддадоа почит на првиот претседател на самостојна Македонија, Киро Глигоров, на првиот премиер на владата на РМ, Никола Кљусев и на сите починати кои дале свој придонес во осамостојување на Македонија како и на сите оние кои низ историјата ги положиле своите животи за денешниот слободарски миг во кој ја славиме самобитноста на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски