Годинава на Галичка свадба, првпат откако е возобновена оваа манифестација, на Петровден ќе се венчаат две двојки – Иван Сареивски, внукот на прославениот македонски пејач Александар Сариевски и Ана Гареска и Стефан Куковски и Маргарита Ивановска.
Организаторот на Галичката свадба, Месната заедница Галичник со оваа двојна свадба сака да прати порака – да има што повеќе венчавки и да се раѓаат повеќе деца во Македонија.
Вчера и денеска се одржува 41-то издание на културолошко-туристичка манифестација „Галичка свадба“.
Порано во Галичник на Петровден се правеле и по педесет свадби. Галичката свадба обединува повеќе од 30 свадбени обичаи карактеристични за мијачкиот крај од кои повеќето и ден денес се изведуваат и на цивилните свадби.