Во 12 часот протест пред Влада против изградба на Казандол

Од:

Денеска на пладне, граѓаните од целиот Југоисток и пошироко се собираат на Протестен Марш каде уште еднаш сите заедно во еден глас ќе кажат дека во Македонија место за рудници со отворен коп нема.

„СТОП ЗА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!

Овој ПЕТОК, на 08.12.2017, граѓаните од целиот Југоисток и пошироко се собираат на Протестен Марш каде уште еднаш сите заедно во еден глас ќе кажат дека во Македонија место за рудници со отворен коп НЕМА.

Иако живееме во Скопје, негативните последици од рудниците ќе ги чувствуваме и ние. Рудниците се проблем на целата земја! Екстрактивизмот не е живот, тој го уништува животот!

Да покажеме солидарност со нашите сограѓани, да покажеме став ПРОТИВ, да побараме ИТНО СОПИРАЊЕ на изградбата на рудникот! Да се собереме пред Влада на РМ да го покажеме нашиот протест и директно да го доставиме барањето за мораториум на сограѓаните од Југоистокот!

Донесете ги своите транспаренти, пораки и одлучност за СТОПИРАЊЕ НА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!
Ве очекуваме сите!“, се вели во повикот на активистите на фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите