Денеска студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд.

На некои од повисоките места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините повремен снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната од 4 до 11 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег.

Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 7 степени.

Според УХМР, под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот.

Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд.

На планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка.

Поради натамошно спуштање на студен воздух денеска ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места.

За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.

Би можело да ве интересира

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење

Катерина Ѓуровски

Укината забраната за сообраќај на наплатната станица Отовица, забрана за камиони на Плетвар

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Снег во Скопје, забрани за за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – Ќафасан

Денеска променливо облачно со повремен снег