СДСМ: Денеска се потпишавме на иницијативата на граѓанското здружение „АМАН“

Од:

„Денеска сме во подрачното одделение на Државната изборна комисија во општина Центар, каде се потпишавме на иницијативата на граѓанското здружение „АМАН“ за собирање десет илјади потписи за измени во Законот за енергетика, враќање на евтината дневна тарифа за струја и укинување на Правилникот за топлинска енергија на Топлификација.

– Целосно се согласуваме со барањата на оваа граѓанска иницијатива, која се противи на самоволието и партиските одлуки на Регулаторната комисија за енергетика. Одлуки кои одат директно на штета на граѓаните, а во корист на државата и на енергетските монополи.

– Две од овие одлуки беа посебно апсурдни и донесени на крајно нетранспарентен начин. Да потсетиме дека Регулаторната комисија на 1 август, во пресрет на празникот Илинден, кога поголем дел од граѓаните се на одмор или празнуваат, скришно, на крајно нетранспарентен начин донесе одлука со која струјата ја поскапува за десет проценти, а во исто време ја укинува и дневната евтина тарифа.

– Укажувавме дека овој нечесен потег на Комисијата всушност ќе значи зголемување на цената на струјата за над 20 проценти, а тоа и го покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Граѓаните имаат полно демократско право да се побунат против ваквите одлуки на Регулаторната комисија и затоа оваа иницијатива ја има нашата поддршка.

– Сакаме да ги повикаме сите граѓани кои чувствуваат дека се изиграни од ваквиот однос на Регулаторната комисија масовно да излезат и да го дадат својот потпис на граѓанската иницијатива на „АМАН“, со што спорните одлуки на Комисијата ќе се најдат на повторно разгледување пред пратениците во Собранието на Република Македонија“, изјави Јани Макрадули, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија