Денеска резултати од екстерното тестирање на матурантите

Од:

Во средните училишта денеска ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на учениците од завршните години.

Државниот испитен центар денеска соопшти дека приговор на резултатите ќе може да се достави во училиштата каде на учениците ќе им биде овозможен и увид во тестот, а конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 13 февруари.

За учениците кои биле оправдано отсутни, ќе биде организирано дополнително тестирање кое ќе се спроведе на 27 февруари и 2 март.

Државниот испитен центар истакнува дека јануарската сесија од екстерната проверка на постигањата на учениците од завршните години на средното образование поминала во најдобар ред и генерално без проблеми.

– Со тестирањето беа опфатени 19.178 ученици кои беа тестирани по два предмети во два дена. Од страна на училиштата пријавени се само 4 прашања со технички проблем од вкупно 103.300 прашања од објавената база (две прашања со нецелосен превод, едно дупло прашање и едно прашање со два исти дистрактори). Овие прашања се поништени и избришани од базата со што учениците нема да бидат оштетени, наведува Државниот испитен центар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Екстерното тестирање беше една од најголемите антиреформи

Наум Локоски

МОФ: Екстерното тестирање постигна само оштетени ученици и професори и залудно потрешени пари

Наум Локоски

МОН: Укинувањето на екстерното тестирање објавено и во Службен весник

Наум Локоски

ВИДЕО: Укинато екстерното тестирање

Наум Локоски

Законите за укинување на екстерното и локалните избори во скратена постапка во македонското Собрание

Наум Локоски

(ВИДЕО) Дескоска: Утре се укинува екстерното тестирање

Ана Ололовска