Денеска протест и во Битола

Од:

Денеска и во Битола ќе се протестира против поскапувањето на струјата и бензините.

Протестот ќе се одржи на 14.08.2012 (вторник) во 18:00 на Фонтана (кај Музејот).

Ќе се маршира по Широк сокак до седиштето на ЕВН (кај Борово) во Битола.

Иницијаторите на овој протест излегуваат со барања до Регулаторната комисија и до ЕВН со следните барања:

• Враќање на цената на струјата на ниво од 2008-ма година.

• Ставката од 33% ангажирана моќност да се укине.

• Воведување на евтина тарифа преку цел ден за социјалните случаи.

• Поголемо субвенционирање од државата на домаќинствата кои користат алтернативни извори на енергија;

• Владата да го поттикне инсталирањето на сончеви колектори кај домаќинствата и кај приватни фирми и да дозволи нивно вклучување во пазарот на струја.

• Поголемо вложување од страна на државата во обновливи извори на енергија.

• Стоп за понатамошна приватизација на енергетскиот сектор.

• Државата да интервенира во изградба на нови енергетски капацитети.

• Забрзана гасификација.

• Транспарентност во работата на Регулаторната комисија за енергетика.

• Се солидаризираме и го поддржуваме правото на граѓаните на Скопје за опцијата исклучување од мрежата на АД „Топлификација“ без да плаќаат за нешто што не го користат.

• Владата да го субвенционира воведувањето на индивидуални регулатори на радијаторите во мрежата на АД „Топлификација“.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски