Денеска променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд.

Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност