Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Од:

Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

Ќе дува слаб ветер од променлив превец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд.

Минималните температури ќе се спуштат до 5, а максималните ќе достигнат до 10 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h